Мицкоски: Еве го човекот што требаше да ме убие, барам МВР итно да го приведе!

Фото: Христијан Мицкоски / Фејсбук

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот профил на Фејсбук објави фотографија од човек кој денеска за време на инцидентот пред „Мавровка“ мавта со пиштол.

-Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог вечерва беа нападнати со камења и стаклени шишиња од група луѓе кај плоштадот Скендербег.

Во некои од фотографиите од инцидентот кои се појавија на интернет, се гледаше и вооружено лице кое во раката држи пиштол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот