Мицкоски е позитивен на Ковид-19, ја откажа посетата на Маврово и Ростуше

Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски во Гевгелија / 27 јули 2022 / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја откажа посетата на општина Маврово-Ростуше, поради тоа што добил симптоми, а потоа и позитивен резултат на ковид–19 на брз антигенски тест.

„Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажани за денеска во 17:45 се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од Ковид 19 на претседателот на партијата Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, кој беше позитивен, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за Ковид-19.

Видео на денот