Мицкоски до Ковачевски: Државните интереси не може да се стават во ексел табела

Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски
Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во статус на Фејсбук му порача на премиерот Димитар Ковачевски дека државните интереси и животот на граѓаните не може да се стават во ексел табела.

– Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните, напиша Мицковски.

Според него, земјава е меѓу најкорупираните во Европа, а буџетскиот дефицит од околу 7.255.000.000 денари.

– Овојпат да пробаме без ексел табели, туку со работа за она што е важно за народот, заштита на интересите, повеќе пари и иднина за сите, стои во објавата на Мицкоски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот