Мицкоски чека Ковачевски да го покани на средба

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: ТВ Сител/принтскрин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изјави дека досега не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека сѐ уште очекува покана од него за средба.

Мицкоски вели дека не ја условил таа средба туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓу другото ќе разговараат и за предвремени парламентарни избори.

Според него, има десетици причини за предвремени парламентарни избори.

– Резултатите на последните локални избори, во првиот и во вториот круг, мерењето на јавното мислење претходно, имаше вест во која јавноста кажува што очекува, повеќе од две третини од граѓаните се за тоа дека треба нова влада бидејќи оваа Влада ја води Македонија во погрешна насока, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информира дека веќе е подготвен и дека од понеделник во Собрание ќе поднесат закон за измени на Законот за Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот