ВИДЕО | Мицкоски до Ковачевски: Доколку власта собере 80 пратеници, тогаш трајно ќе заминам од политиката

Фото: Скриншот, Јутјуб

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара власта веднаш по одморите да закаже седницата на Собранието за уставни измени. Ако над 80 пратеници гласаат за измени на Уставот со цел да се впишат и Бугарите, тој рече дека наредниот ден ќе се повлече засекогаш од политиката. Но, во спротивно побара предвремени парламентани избори.

„Кажав вчера дека верувам во секој пратеник од пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Парламентот дека под овие околности нема да гласа за промена на Уставот и дека доколку се случи такво нешто ќе заминам трајно од политиката. Затоа што имам полна доверба во сите. Еве денеска ќе одиме чекор понапред овде во Тетово, порака до Владата предводена од ДУИ и СДСМ и Димитар Ковачевски, веднаш откако парламентарците ќе се вратат од годишниот одмор првата точка на првата седница во Парламентот да биде предлог за измена на Уставот на Македонија и доколку тој собере 80 пратеника јас веднаш истиот ден ќе го исполнам даденото ветување. Доколку тој нема 80 пратеника тогаш да одиме на предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски при посетата на Тетово.

Тој денеска и утре има средби и со коалициските партнери за прецизирање околу прашањето за референдумот и можната седница за уставни измени.

„Имав состаноци со четири од коалициските партнери. Продолжувам утре во текот на денот исто така со консултации додека не се исконсултираме со сите коалициски партнери, потоа во рамките на партијата, Извршниот комитет итн., откако Собранието ќе биде функционално ќе излеземе со конечен став околу референдумот, но мислам дека ставот е јасен и неколку пати повторен“, истакна Мицкоски.

Во Тетово Мицкоски се приклучи на кампањата за вонредни избори за Совет на Тетово и одржа средби со граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот