Миа Реган, новата „снаа“ во семејството на Бекамови гради успешна модна кариера

Иако има само 17 години, оваа Британка пред една година го заведе средниот син на Дејвид и Викторија. Освен тоа, Миа Реган е успешна во модниот свет и сите ѝ прогнозираат блескава кариера.

Покрај најстариот син на славната двојка Бекам, и вториот по ред, 18-годишниот Ромео, е во врска со атрактивна русокоса. Тоа е Миа Реган, позната по своите модни авантури. Имено, Миа веќе неколку години се занимава со манекенство, а има потпишани договори со престижни модни агенции во Велика Британија и во Америка.

Instagram

Поради своето убаво лице, долгата природна руса коса, витото тело и долгите нозе, Миа брзо го освои вниманието на модните дизајнери кои ја ангажираа во своите кампањи и модни ревии. Така оваа згодна русокоса се најде во рекламната кампања на „Бурбери“, а знаејќи дека за таа иста работа позираше и Ромео, се претпоставува дека токму таму се запознале.

Прочитајте и...  Џиџи Хадид сподели моменти од мајчинството со нови прекрасни фотографии со нејзината ќерка
Instagram

Можноста да ја ангажира идната снаа за својата модна линија, не ја пропушти ниту Викторија Бекам. Таа на Миа ѝ даде можност да го промовира нејзиниот бренд облека, што се покажа како многу успешно.

Instagram

Реган на Инстаграм има повеќе од 260 илјади следбеници од цел свет, а се претставува под името Мими, како што ја викаат нејзините најблиски и саканиот Ромео. Oсвен од модните успеси, Миа често споделува и љубовни фотографии со момчето.

Instagram

Со оглед дека професионално се занимава со манекенство и најдобро знае како да ја промовира новата облека, поранешната Спајс девојка ја искористи можноста токму Миа да биде меѓу првите кои ги пробале новите модни парчиња од нејзината најнова колекција со потпис на подбрендот „Викторија“. Тој е сестрински бренд на популарната марка „ВБ“, кој Викторија Бекам го лансираше за да ѝ понуди на публиката полежерни парчиња облека со интересни дезени и модели.

Прочитајте и...  Владо Георгиев доби 10-годишна забрана за влез во Црна Гора!
Instagram

Поврзани вести

ФОТО: Погледнете каква убавица има покрај себе фудбалерот Дарко Велковски!

Васко Спасовски

ВИДЕО: Сара Мејс плачеше во емисија во живо!

Слободен Печат

Во „Круната“ изоставен најголемиот скандал, вооружениот обид за киднапирање на принцезата Ана

Слободен печат

ФОТО: Една од најплатените и најубави жени во Холивуд наполни 36 години – Да се потсетиме како се менуваше таа низ годините

Слободен Печат

ВИДЕО| Џенифер Лопез и Малума на Американските музички награди: Танчерите со маски, а тие посекси од кога било!

Слободен Печат

ФОТО| Најпосакуваниот актер на светот во доброволна акција: Бред Пит ја покажа хуманоста на дело

Слободен печат

Остави Коментар