МИ5 предупредува: Кинески агент се инфилтрирал во британскиот парламент

Фото Архива на СП

Британската безбедносна служба МИ5 ги предупреди пратениците дека кинески агент е присутен во британскиот парламент за да се вмеша во нивната политика.

Во соопштението се наведува дека Кристин Чинг Куи Ли „воспоставила врски“ за Комунистичката партија на Кина. Покрај ова, таа им давала донации на политичарите, а средствата биле од странски државјани од Кина и Хонг Конг, пишува Би-Би-Си.

Предупредувањето е издадено по „значајна и долготрајна“ истрага на МИ5. Во нивното соопштение се наведува дека секој кој го контактирала Ли треба да биде „свесен за нејзината припадност и нејзините задачи“.

Конзервативниот пратеник и поранешен партиски лидер Сер Иан Данкан потврди дека претседавачот го препратил предупредувањето до пратениците. Според него тоа е доста загрижувачка работа и побара депортација на Кристин Ли.

Дополнителни проблеми во британскиот парламент

Поранешниот министер за одбрана Тобиас Елвуд побара изјава од владата во Парламентот. Според него, ваквите работи би можеле да се предвидат и очекуваат од Кина, а додаде дека е потребна итна реакција од владата на Борис Џонсон, која секако е под голем притисок во последниве денови.

Госпоѓа Ли тврдела дека нејзиниот ангажман во парламентот бил „претставување на Кинезите од Велика Британија и зголемување на разноликоста“.

Но, МИ5 тврди дека активностите се „преземани во тајна координација“ со Обединетиот фронт за работа на Комунистичката партија на Кина, со финансирање кое го овозможиле странски државјани кои се наоѓаат во азискиот гигант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот