МИ: Македонските ракометарки ги загубија шансите за полуфинале

Најдобрите македонски ракометарки ќе тестираат двапати против Норвешка/фото: РФМ

Денеска македонската женска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Во рамките од второто коло во групата „Б“ избраничките на селекторот Љубомир Савевски загубија од Србија со 18:26.

Се играше гол за гол до 22 минута кога Србинките се одвоија на „плус четири (6:10). Се врати македонската селекција со серија од 4:1 за само „минус еден“ на семафорот (10:11).

Во понатамошниот период неколку пати израмнивме, а при нерешени 16:16 противникот повторно направи серија 9:1 (17:25) што се покажа како значајно за крајниот исход.

За македонската репрезентација по пет погодоци најефикасни беа Дукоска и Кипријановска, а на спротивната страна осум гола беа дело на Јововиќ.

После стартниот пораз од Турција со 27:34, нашите ракометарки ги загубија шансите за пласман во полуфиналето. На табелата води Србија со шест бодови, по три имат Турција и Португалија, ниту еден Македонија. В сабота ќе го играме последниот трет меч во групната фаза против Португалките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот