„Ми јадеше од рацете…“ Непријатни детали од врската на Вуди Ален и посвоената ќерка на неговата поранешна љубов

Холивудскиот режисер и актер Вуди Ален (84) проговори за контроверзната љубовна врска со посвоената ќерка на својата поранешна љубов, Сун Ји Превин (49) во новите мемоари кои ги објави и откри дека на почетокот на нивната страствена врска тие не можеле да ги тргнат рацете еден од друг.

Мемоарите на Ален „Apropos of Nothing“ се посветени на 49-годишната Сун Ји, со која и денес е во брак.

– За најдобрата Сун Ји. И дозволив да ми јаде од рацете и тогаш забележав дека раката ми недостасува, напиша тој во посветата.

Сун Ји Превин е посвоената ќерка на Миа Фероу (75), поранешната партнерка на Вуди Ален со која тој беше во 12-годишна врска.

84-годишниот режисер Вуди Ален и 49-годишната Превин денес се во брак.

Врската ја започнале кога таа имала 22 години, а во мемоарите тврди дека и покрај разликата од 35 години Сун Ји била подготвена за врвно созревање бидејќи некој и покажал љубов.

Тие ја криеле својата врска, а Миа ги открила кога ги пронашла нивните еротски фотографии.

Вуди сега објаснува дека разголените фотографии ги направиле во многу рана фаза на односот, кога во нив владеела страста и кога, како што вели тој, не можеле да ги тргнат рацете еден од друг.

профимедиа

Ален во мемоарите опишува како тој и Сун Ји преминале од однос на двајца луѓе кои не се сакале ништо особено, до пар кој сега е во брак повеќе од дваесет години и кој се уште страствено е заљубен.

Инаку, книгата требаше да биде објавена и претходно, но веста за нејзиното издавање го разбесни неговиот биолошки отуѓен син, наградуваниот новинар Ронан Фероу (32), кој тврди дека Вуди ја злоставувал својата ќерка Дилан Фероу (34).

Дополнително го налутило тоа што книгата требало да ја објави издавачката куќа „Hachette Book Group”, која го објави и неговиот филм „Catch and Kill“.

По гласните побуни тие одбиле да ја објават книгата на Ален, а една недела подоцна таа е објавена од страна на друга издавачка куќа „Skyhorse”.

Вуди и Сун Ји се во брак од 1997 година, а имаат и две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот