„Ми фали Груевски како глумец“: Дац и Митевски во „Еден на Еден“ кај Жаре (ВИДЕО)

Фото: Промо

Муабети што никаде до сега не ги споделиле, дуото Драган Спасов- Дац и Александар Митевски ги раскажаа во „Еден на Еден“.

„Ми фали Грувески како глумец, ама не го биваше ич“, откри Дац за поранешниот премиер Никола Груевски, откако Жаре го потсети дека се нашле заедно на иста сцена, во Драмски театар, во култната претстава „Грев или шприцер“.

Митевски пак раскажа дека кариерата ја започнал како рапер, со својот „ОК бенд“, кога бил тинејџер.

„Се однесуваме како вистински брачен пар“, изјавија продуцентот и актерот. За крај, не почестија со „Уште ми фалиш“, хитот од „Макфест“ , во друштво на тамбурашите „Гезме“ и хармоникашот Војче Петрушев. Уште еден куп интересни приказни ве чекаат во недела, на Канал 5, во 18.30.

До тогаш, погледнете ја најавата за третата епизода на „Еден на Еден“ од „Сезона 11“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот