МХРА: Во Британија младите до 30 години ќе се вакцинираат со „Фајзер“ или „Модерна“, наместо со „Астра-Зенека“

Фото: EPA-EFE/JOE GIDDENS / POOL

Имунизацијата против ковид-19 со вакцините на Универзитетот во Оксфорд и „Астра-Зенека” на лица на возраст под 30 години ќе биде запрена денеска врз основа на препораките на Британската агенција за лекови и медицински производи (МХРА), јавија британските медиуми

Агенцијата наведува дека луѓето на возраст меѓу 18 и 29 години, наместо со „Астра-Зенека” ќе бидат вакцинирани со вакцината „Фајзер” или „Модерна”. 

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека внимателно ќе ги следи советите за вакцини на Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека”, МХРА и JCВИ (Мешовит комитет за вакцинација и имунизација), но не верува дека ќе мора да го смени распоредот за да ги олесни ограничувачките мерки. 

– Мислам дека клучна работа е да се слуша што зборуваат научниците и лекарите, медицинските експерти, рече Џонсон. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот