„МГ Франс“: Од коронавирусот се заразени над 1,6 милиони Французи

Синдикатот „МГ Франс“, проценува дека бројот на заразените од коронавирусот е околу 1,6 милиони французи, бидејќи многу не отишле на лекар и некои од заболените се здрави носители на вирусот.  

Синдикатот на лекари „МГ Франс“, е на ставот дека бројот на заразените од вирусот Ковид-19 е значително поголем од оној што го пријавуваат здравствените власти, јави дописникот на МИА.

Според официјалните податоци на француските здравствени власти, во земјата има 82.000 заразени лица. Но оваа бројка може да биде многу поголема, бидејќи во земјата не се спроведуваат масовни тестирања.

Синдикатот „МГ Франс“, проценува дека бројот на заразените од коронавирусот е околу 1,6 милиони Французи, бидејќи многу не отишле на лекар и некои од заболените се здрави носители на вирусот.  

До вчеравечер во Франција од коронавирусот умреа 10.869 лица.

Мерките на ограничување, продолжени еднаш, најверојатно ќе бидат повторно продолжени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот