МФЛ: Нов пораз на Вардар, Шкендија на три бода од титулата

Фото: ФК Шкендија

Фудбалерите на Варда ги очекува тешка битка во последните пет кола од првата МФЛ за да го обезбедат опстанонот, а по денешниот натпревар, таа битка станува потешка. Вардарци загубија со 3:0 на гостувањето кај А. Пандев и останаа на претпоследното место на табелата со 28 бода, еден помаку од Силекс и три од Ренова кои се наоѓаат на позициите кои носат натпревар за опстанок.
Пандевци победата ја обезбедија во првите 30-тина минути кога ги постигнаа сите три гола преку Радески (14 мин), Крстовски (28) и Стоилов (34).

Лидерот на табелата Шкендија славеше со 0:3 на гости кај последнопласираната Беласица. Тетовски „црвено-црни“ победата ја обезбедија   со двата гола на Хебај и на Нафиу. Шкендија првата шанса за освојување на титулата ќе ја има наредното коло кога го пречекува Борец.
Гоце Седлоски со победа дебитираше на клупата на Шкупи кој со 1:0 славеше на гости токму кај Борец.  Единствениот гол го постигна Бианор во 79. минута.

Резултати;
А. Пандев – Вардар 3:0
Беласица – Шкендија 0:3
Борец – Шкупи 0:1
Работнички – Македонија ЃП 2:2
Струга ТЛ – Пелистер 3:0

Табела: Шкендија 65, Шкупи 52, Македонија ЃП 48, Струга ТЛ 44, Работнички 41, Пелистер 35, А. Пандев 34, Борец 33, Ренова 31, Силекс 29, Вардар 28, Беласица 17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот