МФ: Се обезбедуваат средства за Гарантен фонд и Фонд за развој

Министерство за финансии/ Фото Архива на СП

Се обезбедуваат средства за Гарантен фонд и Фонд за развој во рамки на Развојна банка коишто имаат за цел да ја зголемат конкурентноста на фирмите и да го поттикнат извозот, технолошкиот развој и нови производи кои ќе дадат на додадена вредност во извозот. Оваа недела на Влада беа усвоени одлуки изготвени од Министерството за финансии, со што се овозможи обезбедување на средствата.

Притоа, од Буџетот, се обезбедуваат пет милиони евра неповратни средства за Гарантен фонд, а дополнителни речиси 10 милиони евра (610 милиони денари) за формирање Фонд за развој, информираат од Министерството за финансии.

Гарантниот фонд и Фондот за развој неодамна ги најави министерот за финансии, Фатмир Бесими, како инструменти коишто се дел од Планот за забрзан економски раст ќе бидат во насока на финансирање на заздравувањето на економијата погодена од кризата предизвикана од ковид-19. Целта на Планот, како што рече Бесими, е поддршка на забрзаниот и одржливиот раст, а притоа одржување на фискалната стабилност преку мобилизирање на капитал од приватниот сектор, како дополнување на финансиските средства издвоени од Буџетот.

Се зголемува поддршката на приватниот сектор

Конкретно, со предложеното надополнување на Гарантен фонд со дополнителни пет милиони евра ќе се зголеми поддршката на приватниот сектор преку гарантирање за кредити за обртни средства и за основни средства кои ќе се одобруваат од страна на комерцијалните банки, и кои според мултипликаторот првично ќе генерираат околу 100 милиони евра поволни кредити за стопанството. Притоа, средствата за гарантирање на кредитите одобрени од банките и штедилниците ќе се зголемaт и ќе изнесуваат 15 милиони евра вкупно.

Гарантниот фонд веќе функционира како посебна организациска единица во рамките на Развојната банка заради поддршка на развојот на микро, мали и средни претпријатија како и големи трговци кои вршат извоз.

-Во насока на поддршка на економијата е и формирањето на Фондот за развој во рамки на Развојната банка, чие финансирање се овозможува со денешното обезбедување на средствата. Фондот ќе има можност преку поволни кредитни производи да ги поддржи компаниите ориентирани кон извоз и активностите во областа на истражувањето и развојот, со цел да го поттикнат извозот, технолошкиот развој и воведувањето нови производи. Активностите за поддршка на извозот исто така ќе вклучуваат програма за развој на добавувачи насочена кон зголемување на технолошката подготвеност и капацитетите на домашните компании да учествуваат во глобалните синџири на производство, истакнуваат од Министерството за финансии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот