Метрото во Киев повторно во функција

Фото: Profimedia

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека системот на градското метро е повторно во функција и сите жители се повторно приклучени на водоснабдувањето, еден ден по последниот бран руски воздушни напади врз клучната инфраструктура.

Украинските власти соопштија дека Русија истрелала повеќе од 70 проектили вчера во еден од нејзините најголеми напади од инвазијата на Кремљ на 24 февруари, што предизвика итни прекини на струја низ целата земја.

Кличко, исто така, рече дека е вратено греењето на половина од градот и дека електричната енергија е вратена на две третини.

„Но, распоредот за итно исклучување се спроведува бидејќи сè уште има недостаток на електрична енергија“, напиша тој на апликацијата за пораки Телеграм.

Кличко претходно овој месец предупреди на сценарио за апокалипса за главниот град на Украина доколку продолжат руските воздушни напади врз инфраструктурата, но исто така рече дека сè уште нема потреба луѓето да се евакуираат.

„Ние се бориме и правиме се што можеме за да се осигураме дека тоа нема да се случи“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот