Трамвајот кој го најави Шилегов ќе поминува на Партизанска и Рекорд

На улицата кај Рекорд нема да се движат коли, а ќе биде дозволено сообраќај само на трамвајот и автобусите на ЈСП.

454

Трамвајот кој го најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе воведе строг сообраќаен режим, пренесува СДК.

На улицата кај Рекорд нема да се движат коли, а ќе биде дозволено сообраќај само на трамвајот и автобусите на ЈСП.

Како што е во планот на сообраќајниот проект, предвидено е трасата да започнува од кружниот тек кај Порта Влае, па да продолжува низ Партизански одреди, преку Рекорд и Собранието, да поминува близу зградата на Црвен крст кон Комплексот банки, и Железничка станица.

Потоа планирано е трасата да продолжува преку булеварот Јане Сандански до крајната станица во Ново Лисиче.