Скопска Зоолошка добива Бејби Зоо ФОТО

„Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

381

Скопје Зоо добива мини зоолошка градина за најмладите. По теркот на европските и светските и во скопската Зоолошка градина ќе се отвори „Бејби Зоо“.

Тоа е заградена мини Зоолошка градина каде што ќе има мали безопасни животни и каде што децата во присуство на Зоо негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.

– Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас – изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.