Пукната водоводна цевка кај Сити Мол, екипи започнаа со санирање на дефектот

180

На булевар „Илинденска“ во близина на трговскиот центар Скопје Сити Мол во моментов има поплава, а за проблемот се огласија и од Град Скопје на „Фејсбук“.

-Ве известуваме дека на булевар „Илинден“ во близина на ПроКредит Банка и Сити Мол, има голем дефект, пукната е водоводна цевка F400. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се на терен и започнаа со санирање на дефектот, велат од Град Скопје.