Припор утре без струја, дел од Аеродром без вода

Исклучувањето на електричната енергија се врши се со цел да се изврши темелна контрола на двете трафостаници кои се во состав на ПС Припор.

222

Поради исклучување на напон од страна на ЕВН без електрична енергија утре во периодот од 9 до 12 часот ќе биде дел од Припор.

Исклучувањето на електричната енергија се врши се со цел да се изврши темелна контрола на двете трафостаници кои се во состав на ПС Припор.

Сектор ЕОК во координација со сектор Водовод во перидот од 9 до 12 часот ќе изврши замена на усисно потисните вентили за пумпа број 1 и пумпа број 2 кои пумпаат вода за висока зона Аеродром. Замената на вентилите преставува основа за поставување на две нови пумпи.

Прекинато водоснабдување од 9:00 часот. ќе имаат корисниците од високата зона Аеродром, а постепено вода ќе снемуваат корисниците од Припор 1, 2 ,3, Сопиште, Ракотинци и Добри дол.