Попладне посебен режим на сообраќај низ центарот на Скопје

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска од 17:00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија.

144

Посебен режим на сообраќајот низ централното подрачје во Скопје ќе има денеска попладне поради одржување на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска од 17:00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на  Влада на Република Македонија.

Од  тие причини, како што посочуваат од МВР, ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот.

МВР апелира до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.