Осум интервенции на скопските пожарникари за новогодишната ноќ

44

Осум пожари се регистрирани на територијата на Град Скопје за време на новогодишната ноќ. Како што велат за МИА од Територијалната противпожарна единица, дежурните екипи интревенирале од 19 часот вчера до седум утрово.

Повредени нема, причинета е само материјална штета.

-Пожари предизвикани од запалени контејнери имаше на „Партизанска” во Општина Карпош, како и на улиците „4 Јули” во Ѓорче Петров, на „Вуковарска” во Чаир и на „Јани Лукровски” во Автокоманда, на улицата „Марко Орешковиќ” во Кисела Вода регистриран беше пожар предизвикан од оџак, поради електрична бандера се интервенираше и во село Глумово, Општина Сарај, а од сува трева гореше и на „Радишанска” во Општина Бутел – информира Територијалната противпожарна единица.

Штетата од изгорените контејнери се проценува на околу 60.000 денари.