Наумоски: Купив „бе-ем-ве Х5“, па нема со магариња да патуваме

Наумовски пред неколку дена се пофали на социјалната мрежа Фејсбук дека користи јавен превоз поради загадувањето во Скопје.

783

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, си купил нов автомобил, марка „бе-ем-ве Х5“ кој го пријавил и во анкетниот лист. Наумовски пред година и половина кога седна во градоначалничката фотелја возел „пежо 1007“. Тој во изјава за „Макфакс“ вели дека е нормално да си купи нов автомобил и додава „Нема со магариња да патуваме“.

„Автомобилот е произведен во 2010 година и чини 17 илјади евра. Беше 20 илјади евра, па ми ја намалија цената оти беше оштетен кај багажникот. Кога дојдов за градоначалник, не бев на улица најден. Го купив со заштеда, го продадов стариот автомобил и го исплаќам на рати. Автомобилот е увезен од Америка. Па, нема со магариња да одиме“, вели Наумоски за „Макфакс“.

Наумовски пред неколку дена се пофали на социјалната мрежа Фејсбук дека користи јавен превоз поради загадувањето во Скопје.

„Да тргнеме од себе. Да ги оставиме автомобилите и да ги почитуваме мерките на Град Скопје. Со јавен превоз за службени потреби“, напиша Наумовски.

Очигледно Наумовски се возел во автобус додека да му стигне новиот автомобил.