Мајмунот Коко излечен од депресија се враќа во скопската зоолошка

51

Шимпанзото Коко е излечен од депресија и во септември ќе се врати во скопската Зоолошка градина од Холандија, каде беше на ресоцијализација девет години.

Директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека зоолозите во престижната Институција за ресоцијализација на шимпанза „Алмере“ во Амстердам, ги известиле дека ресоцијализацијата на Коко е успешна и дека тој може да се врати во Скопје, каде што е роден. Во моментов вели Галетановски при крај е изградбата на новото живеалиште за Коко, кое ќе биде според најсовремените стандарди на Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА).

Шимпанзото Коко замина на ресоцијализација во Холандија бидејќи беше во депресија во април 2009 година.

Целиот текст може да го прочитате на следиот линк.

фото: СДК.мк