Крводарителска акција во организација на Општина Центар

Општина Центар ги повикува жителите на општината, но и сите граѓани кои сакаат да бидат хумани, да дојдат во просториите на општината (барака 6), од 09:00 до 12:00 часот и да даруваат крв

33
Илустративна фотографија

Утре, 6 март (среда), Општина Центар во соработка со општинската организација на Црвениот Крст на Град Скопје и Институт за трансфузиологија организира крводарителска акција.

Во крводарителската акција ќе се вклучат вработените на Општина Центар и вработените од Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ), а акцијата е од отворен карактер.

Во интерес на успешноста на акцијата, Општина Центар ги повикува жителите на општината, но и сите граѓани кои сакаат да бидат хумани, да дојдат во просториите на општината (барака 6), од 09:00 до 12:00 часот и да даруваат крв.

Општина Центар три пати годишно организира крводарителски акции. Крводарителските акции кои ги организира општината имаат за цел да ги зголемат резервите на крв, да ја подигнат свеста за важноста на крводарителството, но и да ги унапредуваат и промовираат систематските и организирани крводарителски акции.