„Комунална хигиена“ се сети да ги мие улиците за се намали загадувањето

Покрај стандардните активности за метење и чистење, поради поволните временски услови, како што посочуваат, денеска се спроведува и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерни.

903

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје соопшти дека во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, започнале масовна акција за чистење, што ќе се одвива на територијата на сите скопски општини.

Покрај стандардните активности за метење и чистење, поради поволните временски услови, како што посочуваат, денеска се спроведува и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерни.

Генерално чистење се одвива и во реонот на Железничката станица и Транспортниот центар, додека изутринава се изврши и рачно миење со автоцистерна на плоштадот Македонија, каде што беше комплетно исчистен теренот по дислоцирањето на лизгалиштето.

Акцијата се реализира со целата расположлива механизација и ќе продолжи во текот на викендот и претстојната недела, информираат од КП „Комунална хигиена“.