Град Скопје воведува ред: Стоп за автомобилите на кејот!

610

Конечно Град Скопје реши да направи ред со движењето на автомобили покрај кејот на Вардар, на потегот од „Холидеј ин“ до „Телеком“. На влезот на кејот во тек се градежни активности за поставување на рампа со која ќе се оневозможи влезот на возилата, освен на оние на „Телеком“.

– Работиме по налог на Град Скопје. Поставуваме електронска рампа и би требало таа да функционира од утре – изјави еден од работниците.