Драма на Водно – багери се обиделе да газат активисти кои ја бранат планината (ВИДЕО)

Багери сакале да газат активисти кои забрануваат да се уништува природата со градењето на гасоводот на Водно.

2447
Фото: Принтскрин

Багери сакале да газат активисти кои забрануваат да се уништува природата со градење на гасоводот на Водно.

По овој повод, на Фејсбук се огласи и Димитар Апасиев од Левица, кој повика доколку имало доброволци, да се упатат накај Водно.

-Горе на Водно се случува вистинска драма. Багерите утрово тргнале да ги газат активистите кои со жив штит ја бранат планината! (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на “Топилница”). Повикана е полиција, но изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите. Потребно е физичко присуство на лице-место! Ако има доброволци, нека се упатат веднаш накај “местото на злосторството”-напиша Апасиев.

Видеото од Фејсбук групата Скопје сака чист воздух се прошири на социјалната мрежина со неверојатна брзина.

Posted by Кирил Мицковски on Среда, 29. август 2018.