Добриот дух на Зоолошката градина ГАЛЕРИЈА

Додека седевме таму, тие ни раскажаа различни искуства што ги доживеле во текот на годините додека работеле како негуватели, но исто така и за нивната секојдневна љубов кон животните.

248
Фото Арбнора Мемети

Во овие сончеви денови Зоолошката градина е едно од најпосетените места, а како што доаѓа пролетта, се зголемува и бројот на посетителите. Овој пат, покрај животните, отидовме да ги посетиме и луѓето што ретко ги гледаме, а кои со години се грижат за овие животни. При нашата посета ги сретнавме тројцата негуватели, Маја Дојчиновска, Александра Спасовска и Сашо Панчев, специјализирани за негување на различни животни. Додека седевме таму, тие ни раскажаа различни искуства што ги доживеле во текот на годините додека работеле како негуватели, но исто така и за нивната секојдневна љубов кон животните.

Тоа што ни остави голем впечаток беше приказната на негувателката Маја за малото јаре Козле. Јарето Козле се родило во зимските денови, во декември. Се родило полумртво, и било неприфатливо за мајка му, но не и за негувателката Маја. Маја раскажува дека откога се родило малото јаре, таа го чувала дома и спиела со него еден месец. Денеска Козле е живо и здраво, а Маја го шета секој ден како милениче.

Овие негуватели уште еднаш апелираат до посетителите да продолжат да им подаруваат љубов на животните, но не да ги хранат, бидејќи на тој начин им нанесуваат само штета и предизвикуваат проблеми со здравјето на животните.

За вистинската љубов на негувателите кон животните, повеќе зборуваат овие слики!