Делови од Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Мариовска“ од 08.30 до 13.30 часот и дел од ул. „Милан Мијалковиќ“.

385

Корисниците на ул. „Мариовска“, дел од ул. „Милан Мијалковиќ“ во населба Пржино, на ул. „Ристо Равановски“ во општина Карпош и на ул. 72 во село Волково, утре ќе останат без електрична енергија, информираат од РЦУК.

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Мариовска“ од 08.30 до 13.30 часот и дел од ул. „Милан Мијалковиќ“.

Од 09.00 до 12.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на ул. Ристо Равановски, општина Карпош и корисниците на ул. 72 во село Волково, општина Ѓорче Петров, се наведува во соопштението од РЦУК.