Метличиќ: Репрезентацијата треба да престане да биде полигон за тестирање играчи!

Хрватската ракометна легенда Петар Метличиќ вели дека играчите се создаваат во клубовите, а не во репрезентацијата/Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Хрватската репрезентација го заврши настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, на последниот меч од главната фаза ремизираше со Холандија (28:28). За избраниците на селекторот Хрвоје Хорват тоа им го донесе четвртото место во групата „1“.

„Коцкастите“ кои на минатото ЕП 2020 играа финале и го освоија сребрениот медал, сега мора да се задоволат со осмата позиција оваа година, што е нивни најслаб пласман во последните 18 години.

На денешниот дуел кај Хрватите најефикасен беше Иван Мартиновиќ со 12 голови, осум имаше Марин Шипиќ, а по два Лука Циндриќ, Тин Лучин и Звонимир Срна.

Кај холандските „лалиња“ како прв стрелец се одвои Лук Стејнс со шест голови, а петпати во листата на стрелците се запиша Том Јансен.

Во студиото на „РТЛ“ се зборуваше за подмладувањето на Хрватска на ова Европско првенство. Поранешниот хрватски репрезентивец Петар Метличиќ го сподели своето мислење околу својата национална селекција:

– Репрезентацијата треба да престане да биде полигон за тестирање на играчи. Играчите не се создаваат во репрезентацијата, туку во клубовите. Со тоа треба да престанеме и точка. Погледнете ги Франција и Данска. Играат најдобрите. Тешко е да се влезе во репрезентацијата, а уште потешко да се излезе. Така треба да биде. Не е важно колку години има играчот, туку како игра. Кога би играле најдобрите, Хрватска ќе се врати на врвот – рече Метличиќ.

Франција се радува, Исланд тагува: Познати полуфиналните двојки на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот