Метју Палмер денеска во Сараево

Фото: Профимедиа

Во фокусот на посетата на Палмер ќе бидат и економските теми, што го потврди претседателот на Советот на министри, Зоран Тегелтија.

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Метју Палмер денеска ќе го посети Сараево, каде ќе се состане со членови на Претседателството на БиХ и други официјални претставници.

Се очекува на состанокот со членовите на претседателството да се разговара за одлуката на Националното собрание на Република Српска според која меморандумот меѓу Централната изборна комисија на БиХ и Меѓународната фондација за изборни системи е штетен за виталните национални интереси.

Во фокусот на посетата на Палмер ќе бидат и економските теми, што го потврди претседателот на Советот на министри, Зоран Тегелтија.

Тегелтија рече дека за време на посетата на Палмер на Сараево, тој ќе разговара со него, пред сè, за проблемите со кои се соочува економијата на Босна и Херцеговина како последица од пандемијата на коронавирусот.

Палмер треба да го посети и Мостар, каде неодамна беше постигнат договор меѓу ХДЗ и СДА, под покровителство на меѓународната заедница, за одржување на локални избори после 12 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот