Метју Палмер денес во посета на Скопје

Фото: Профимедиа

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер денеска престојува во работа посета на Северна Македонија.

Палмер, како што соопшти Министерството за надворешни работи, ќе биде примен од шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Се очекува Димитров и високиот претставник на Стејт департментот да дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции на нашата држава, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот