Метју Меконахи откри дека бил сексуално злоставуван како тинејџер

Instagram
Instagram

Актерот Метју Меконахи прозборе за своите животни искуства. Тој во своите мемоари насловени „Greenlights“ откри тајни од неговиот приватен живот за кои јавноста досега не знаела.

 

Instagram

 

Меконахи (50) ги категоризирал настаните во неговиот живот како зелено, жолто и црвено светло – моменти што го натерале да забрза, го предупредиле или го натерале да застане.

 

Instagram

 

Меѓу овие приказни, актерот од „Dallas Buyers Club“ во книгата раскажал и за сексуалните злоставувања кои ги преживеал како тинејџер, податоци кои го шокираа светот.

Првиот инцидент се случил кога имал само 15 години, вториот се случил кога имал 18 години, иако изјавил дека „никогаш не се чувствувал како жртва“.

 

Instagram

 

Ме уценуваа да ја изгубам невиноста, имав 15 години. Бев сигурен дека ќе одам во пеколот за секс пред брак. Денес, не сум сигурен иако се надевам дека нема да се случи тоа“, напишал Метју.

Три години подоцна, повторно бил малтретиран, но единствено што открил во мемоарите било дека човекот го нокаутирал во комбе.

Актерот не навлегувал во детали за сексуалната злоупотреба, туку рекол: „Никогаш не сум се чувствувал како жртва“.

 

Instagram

 

Имам многу докази дека светот заговара да ме направи среќен“, изјавил актерот.

Минатата недела за магазинот „People“, Метју откри дека неговиот татко Џејмс Доналд Меконахи починал додека бил во кревет со сопругата Кеј.

 

instagram

 

Ми се јави мајка ми. „Татко ти почина“. Ми се пресекоа нозете. Не можев да поверувам. Татко ми почина. Никој и ништо не можеше да го убие. Освен мајка ми. Тој секогаш ми велеше мене и на моите браќа: „Момци, кога ќе заминам, тоа ќе биде додека водам љубов со вашата мајка“. И така и се случи. Тој доживеал срцев удар за време на оргазам“, изјави Метју.

 

Instagram

 

Џејмс почина во 1992 година, се развел од Кеј два пати и се оженил со неа три пати. После третата венчавка, се родил Метју.

Тие беа насилни на моменти. Како што објаснив во книгата тие така комуницираа. Се разведоа двапати, се венчаа трипати. Тоа навистина беше Тихиот океан среде бура“, рече актерот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот