Метју Меконахи му честиташе на Новак Ѓоковиќ за освоениот златен медал: Актерот и пријател на српскиот тенисер испрати силна порака
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, каде во големото финале беше подобар од Карлос Алкараз со резултат 2:0 и со тоа го постигна она што му недостигаше во кариерата.
Ова финале беше следено низ светот, а за тоа доволно говори и фактот што и познати личности веднаш се огласија на социјалните мрежи по крајот на натпреварот.
Меѓу нив беше и Метју Меконахи, познатиот холивудски актер и голем пријател на Новак, кој на тенисерот му го честиташе освојувањето на златниот олимписки медал. На социјалната мрежа Икс тој напиша дека најдобриот на сите времиња го освоил златото.
GOAT wins GOLD. congratulations @DjokerNole
— Matthew McConaughey (@McConaughey) August 4, 2024
„Најголемиот на сите времиња го освои златото, честитки“, напиша кратко Меконахи на својот профил на Икс.
Инаку, познатите холивудски ѕвезди честопати го бодрат српскиот тенисер, а Маконахи несомено е негов голем обожавател. Актерот неодамна му посвети на Новак и друга објава на социјалната мрежа Икс.
„Најголемиот на сите времиња. Повеќе од ментална машина“, напиша Маконахи и го означи профилот на Новак Ѓоковиќ.
The GOAT. more than a mental machine. @DjokerNole pic.twitter.com/Gyy5UqZl5y
— Matthew McConaughey (@McConaughey) June 3, 2024
Ѓоковиќ го освои златниот медал во Париз: Олимписки шампион за круна на блескавата кариера
ФОТО | Метју Меконахи сподели шокантна фотографија: Што ти е со окото?