Метју Меконахи го откри начинот на кој почина неговиот татко: Тоа секогаш беше негова желба! (ВИДЕО)

Instagram

Познатиот оскаровец Метју Меконахи се подготвува за објавувањето на своите нови мемоари насловени како „Зелени светла“ во кои, меѓу другото, зборува за историјата на своето семејство, а во еден од извадоците го спомнува и начинот на кој го загуби својот сакан татко, Џејмс Доналд Меконахи.

Во пасусот од неговите мемоари наречен „Луѓе“, славниот оскаровец открива како неговиот татко починал, онака како што знаел дека ќе го напушти светот – во кревет со неговата сопруга Кеј.

„Мама ми се јави и ми рече: Татко ти почина. Колените почнаа да ми се тресат. Не можев да поверувам. Тој беше мојот татко. Никој или ништо не можеше да го убие. Освен мама. Тој секогаш ми велеше на мене и на моите браќа: ‘Момци, кога ќе треба да одам, ќе водам љубов со мајка ви.’ И тоа се случи. Имаше срцев удар кога го достигна својот врв“, открива 50-годишниот актер.

Џејмс Доналд Меконахи го напушти светот во 1992 година, а мајката на славниот оскаровец и неговиот татко имаа врска со чести прекини што резултираше во дури три свадби, а кратко по третата се роди актерот.

Профимедиа

„Моите родители беа насилни еден кон друг на моменти. Како што реков во мојата книга, тоа беше начинот на кој тие комуницираа, тие се разведоа двапати, се венчаа трипати … нивниот брачен живот беше како Тихиот океан во невреме“, открива славниот оскаровец.

На почетокот на оваа година, Меконахи се обиде да ја „спои“ својата 88-годишна мајка со 91-годишниот вдовец Џејмс Грант, таткото на славниот британски актер Хју Грант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот