Метеоролозите открија до кога ќе врне дожд

Дожд
Дождливо време Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Под влијание на влажен воздушен бран од запад, во Македонија во следните часови, како и во текот на претстојната ноќ ќе има врнежи од дожд, прогнозираат метеоролозите.

Локално, врнежите ќе бидат интензивни, а се очекуваат и над 20 литри на квадратен метар. На повисоките планини на западот и северозападот од земјата, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Од утре, на првиот ден од пролетта, се очекува да продолжи периодот на стабилно, суво и претежно сончево време со пролетни температури кој насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, тие ќе се искачат до 23 степени.

Во Скопје и околината исто така ќе има врнежи од дожд, особено вечерва и во текот на ноќта, велат од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот