Метеорологот Славчо најавува: Променливо време со ниски температури, од четврток постабилно и посончево

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи претежно од снег. Само на некои пониски места ќе има услови за повремени врнежи од дожд и од снег. На југоисток ќе има врнежи претежно од дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Повремено во делови од Скопската котлина ќе има услови за врнежи од дожд и од снег а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа утре и во среда времето ќе се задржи променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено на некои места ќе има услови за послаби врнежи претежно од снег. Од четврток ќе имаме постабилно и посончево време. Минималните температури ќе ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, кон крајот на оваа недела истите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот