Метео: Утринските температури до 13 степени, сончево и топло преку ден

фото МИА

Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 16 степени, а дневната од 24 до 29 степени.

Слично време ќе преовладува и во Скопје каде утринската температура ќе се спушти до 13. степен, а дневната ќе се искачи до 28. степен.

Се најавува период на претежно стабилно време, но со ниски утрински температури. Во вторник и во среда во западните делови можна е појава на нестабилна облачност со повремен дожд и ретки грмежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот