МЕТЕО УТРИНСКИ БРИФИНГ | Славчо најавува облачно и посвежо време

Славчо Попоски / Фото: Еспресо.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ПОСВЕЖО со умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 23 степени.

Потоа од утре па натаму следува период на облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО време со врнежи од дожд кој локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ. Сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во југозападните предели каде локално ќе наврнат и над 40 л/м2 воден талог. Поради падот на температурите за повеќе од 10 степени, не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и од утре па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 17 степени.

И во Скопскиот регион од утре па натаму времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите значително ќе опаднат и максималните дневни ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат само до околу 15 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот