МЕТЕО | Славчо Поповски најавува посвежо време

славчо попоски метео
Славчо Попоски / Утрински брифинг

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО со сончеви периоди. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд, а ќе дува и слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа утре ќе се задржи променливо облачно и уште посвежо време со услови за локален краткотраен дожд, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Од четврток ќе имаме целосно стабилизирање на времето, додека наутро ќе биде доста студено кога минималните температури понекаде ќе се спуштат дури до 0 степени. Максималните пак до четврток ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени, а од петок, па за време на викендот ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот