МЕТЕО на УБ: Времето денес сончево со умерена локална облачност и со умерен ветер

Електричен тротинет Скопје
Жена со електричен тротинет на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност и со умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Попладне ветерот на некои места ќе засилува на интензитет. Повеќе облачност ќе има во западните предели каде ќе има услови за слаб локален дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа од утре, па за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините ќе има повремени врнежи од снег. Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека малку пониски температури ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот