ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА на УБ | Времето денес променливо облачно и постудено

есен
Есен. / Фото: Архива на Слободен печат

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а особено во четврток во западните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека во четврток кон крајот на денот и навечер, како и во петок и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Наутро и понатаму ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот