МЕТЕО на УБ: Времето денес облачно со сончеви периоди

облачно време, временска прогноза
Облачно време / Фото: Слободен печат, Архива

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб ветер претежно од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 15 степени, прогнозира Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа за време на викендот, како и на почетокот од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе има услови и за појава на локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот