МЕТЕО на УБ: Временската прогноза за вечерва најавува дожд

Дождливо време
Дождливо време / фото: Слободен печат / Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките планини. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Попладне и навечер ќе има услови за повремен локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа утре ќе има краткотрајно стабилизирање на времето, додека од недела попладне и навечер и тоа под влијание на нов влажен бран се очекуваат нови врнежи од дожд и снег на повисоките планини. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Ново заладување на времето се очекува во првите денови од следната недела, кога услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот