МЕТЕО на УБ | Временската прогноза вели дожд и минусни температури

снег на планините, временска прогноза, метео
Снег на планините / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог. На планините врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Локално ќе има услови и за нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени во најтоплите предели, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа под влијание на студена воздушна маса, утре и тоа особено претпладне ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежната покривка на планините ќе се зголемува, а формирање на снежна покривка ќе има понекаде и на повисоките места. Поради заладувањето, услови за провејување на снег ќе има и на некои пониски места, особено во северните и западните предели. Сето ова ќе биде проследено и со засилен северен и северозападен ветер, додека температурите утре ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 10 степени во најтоплите предели.

Поради разведрувањето, особено студени утра ќе имаме во среда и четврток, кога наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека на планинските места понекаде температурите ќе се спуштат и под -10 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот