МЕТЕО НА УБ | Славчо вели: Вадете ја зимската гардероба – очекуваме снег и дожд

Славчо Попоски / Фото: Еспресо.мк

Под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна маса од север, денес и утре времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе се формира снежна покривка, понекаде со висина и од над 20 сантиметри.

Денес повремено снег ќе врне и на повисоките места и тоа особено на запад и на север, а снежната граница локално има услови да се спушти дури и под 1000 м.н.в. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 40 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец, кој особено долж повардарието повремено ќе биде и со засилен на интензитет.

Снег на планините / Фото: Профимедиа

Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Во Скопје и околината денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека денес на околните планини ќе има услови и за врнежи од снег а ќе дува и умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 9 степени.

Дожд во Скопје / Фото: Слободен печат

Потоа за време на викендот ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе има услови и за локален слаб краткотраен дожд. Особено во сабота ќе дува умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Сепак температурите ќе бидат повисоки за разлика од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот