МЕТЕО НА УБ | Славчо прогнозира дожд и снег на планините

Славчо Попоски / Фото: Еспресо.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и тоа особено претпладнево. Попладне и навечер облачноста ќе се зголемува, со што ќе започнат нови врнежи од дожд а на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено долж повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Во вечерните и ноќните часови ќе започнат нови врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, утре и во петок времето ќе биде облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд, кои особено во јужната половина ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од СНЕГ каде ќе се формира и снежна покривка. Снежната граница и тоа особено во западните и во северните предели има услови да се спушти и под 1000 м.н.в. Ќе дува умерен, на некои места ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

За време на викендот пак ќе имаме постабилно и нешто потопло време, кога и врнежите насекаде ќе престанат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот