МЕТЕО на УБ: Променливо облачно и релативно топло време

Есен / Фото: Слободен печат/Ристе Пејовски

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Претпладнево по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, прогнозира Славчо Попоски.

Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината претпладнево ќе има појава на ниска облачност, додека во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Потоа до крајот на оваа недела ќе имаме променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат релативно високи и НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, додека за време на викендот понекаде температурите ќе се искачат дури до околу 25 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот