МЕТЕО на УБ: Невообичаено топло време за овој период од годината

Скопје Градски парк есен коронавирус пар
Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Претпладнево по одделни котлини ќе има појава на магла и на значителна ниска облачност, додека во текот на денот ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Во Скопје претпладнево ќе има појава на значителна ниска облачност, додека во текот на денот времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 20 степени, прогнозира Славчо Попоски.

Славчо Попоски / Утрински брифинг

Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди.

Утре ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО високи за овој период од годината, и тоа поради јужното воздушно струење, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, додека за време на викендот понекаде истите ќе се искачат дури до 25 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот