МЕТЕО на УБ: Денес облачно и студено време

Есен / Фото: Слободен печат/Ристе Пејовски

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот на некои места повремено ќе засилува на интензитет, додека во текот на претпладнево, и тоа особено на југоистокот ќе има услови за слаб локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени, најавува Славчо Попоски.

Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Наутро ќе биде студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот